Кошаркарите на Голден Стејт го зголемија водството во серијата со Јута (2-0), победувајќи и во вториот натпревар на домашен терен со 115-104 во 1/2 финалето на западната конференција.


„Воините“ одново до триумф ги водеше тимската игра во која никој од кошаркарите не се истакна со поентерски учинок. Дурант постигна 25, Кари 23, а Грин 21, додека најпрецизен на мечот беше Хаувард од Јута со 33 поени.

Вашингтон во првиот меч на домашен инаку трет во серијата со Бостон успеа да ја преполови негатитава намалувајќи на 2-1. „Визардси“ доминатно стигнаа до првиот триумф совладувајќи ги „детелините“ со 116-89.

Резултати: Вашингтон – Бостон 116-89 (1-2), Голден Стејт – Јута 115-104 (2-0).

OhridNews