Актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт со триумфот 114-81 над Хјустон стигна до четвртата победа во серијата и обезбеди пласман во полуфиналето од Западна конференција.
„Воините“ во серијата со „ракетите“ речиси да играа без најдобриот кошаркар во своите редови, Стеф Кари кој се повреди уште на првиот натпревар.
Неговото отсуство се осети само во четвртиот меч од серијата кога соиграчите претрпеа пораз. Во главно најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната лесно излезе на крај со Џејмс Харден и Двајт Хауард.
Во полуфиналето од западната конференција Голден Стејт ќе се сретне со подобриот од дуелот ЛА Клиперс – Портланд.
Резултати: Мајами – Шарлот 88-90 (2-3), ЛА Клиперс – Портланд 98-108 (2-3), Голден Стејт – Хјустон 114-81 (4-1).
OhridNews