Кошаркарите на Голден Стејт ја дуплираа предноста (2-0) во серијата подобар до четири победи со Хјустон совладувајќи го со 115-106.


„Воините“ вториот меч од серијата со „рекетите“ го одиграа без најдобриот кошаркар во своите редови Стеф Кари кој се повреди на премиерниот дуел.

Улогата на лидер на екипата во отсуство на Кари ја презеде Клеј Томпсон реализирајќи 34 поени. Игудала уфрли 18, а два помалку постигна Ливингстон.


Резултати: Торонто – Индијана 98-87 (1-1), Оклахома – Далас 84-85 (1-1), Голден Стејт – Хјустон 115-106 (2-0).

OhridNews