Кошаркарите на Голден Стејт газат кон големото финале во НБА лигата, откако и во третиот натпревар го совладаа Сан Антонио со 120-108 за убедливo 3-0 водство во финалето во западната конференција.
„Воините“ клучната разлика за вкупно трета победа во серијата со „мамузите“ ја направија во втората и третата четвртина добивајќи ги со 32-22 односно 36-33. Во последните десет минути ја задржаа предноста и се наоѓаат на чекор од пласман во финалето.
Домашните кошаркари и на овој меч играа без најдобар поединец во екипата Кавај Ленард, а во текот на натпреварот го загубија и Ли кој лошо доскокна.
Предводник на гостите беше Кевин Дурант со 33 поени, Стеф Кари реализираше 21 поен, а Клеј Томпсон 17. Во отуство на Ленард, Џинобили со 21 кош беше најпрецизен во тимот на Сан Антонио.
OhridNews