Кошаркарите на Голден Стејт поведоа во финалната серија со Кливленд (3-2) победувајќи го во петтиот натпревар со 104-91 и се на чекор од шампионска промоција во НБА лигата.
Првата четвртина помина изедначено, а по втората „воионите“ имаа само еден поен предност. По завршување на третата Голден Стејт го зголеми водството на шест поени, а во последната домаќините ја потврдија победа добивајќи ја со плус седум.
Нов фантастичен натпревар одиграа Стеф Кари и Леброн Џејмс. Првиот постигна 37 поени и додаде 4 асистенции и 7 скока додека „кралот“ имаше трипл дабл учинок 40 поени, 11 асистенции, 13 скокови.
Мх.П.