Актуелните шампиони во НБА лигата, со многу мака минаа на тешкото гостување во Солт Лејк Сити, откако по едно продолжение славеа над Јута. Голден Стејт ја забележа 68-та сезонска победа.


Голден Стејт успеа да слави против Јута, иако на гостувањето во Солт Лејк Сити мораше да игра и дополнителни пет минути.

Мечот во продолжение го однесе Клеј Томпсон кој на 15 секунди до крајот на регуларниот дел погоди тројка за 89:89.

Стеф Кари го предводеше тимот на актуелниот шампион со 31 поен, Томпсон постигна 18, а Херисон Барнс имаше учинок од 15 поени и 11 скокови.


Голден Стејт сега има 68 победи и седум порази и уште пет триумфи го делат од поставување на нов рекорд во НБА лигата.

OhridNews