Кошаркарите на Голден Стејт се наоѓаат пред пласман во финалето од НБА лигата откако во третиот меч ја забележаа третата победа (115-80) против тимот на Хјустон.
Во првиот натпревар пред своите гледачи во финалната серија од Западот, „рекетите“ немаа одговор за тимската игра на Голден Стејт во нападот.
Пет кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени, а одново ги предводеше Стеф Кари, кој реализираше 40 кошеви надополнето со 7 асистенции и 5 скокови.
Голден Стејт е пред финалната промоција бидејќи до сега никоја екипа во историјата на НБА лигата не успеал да се врати од негатива (3-0).
Мх.П.