Кошаркарите на Голден Стејт се на победа од одбрана на тронот во НБА лигата откако во четвртиот меч поведоа со 3-1 победувајќи го Кливленд со 108-97.


Првата и втората четвртина од четвртиот натпревар во финалето не наговестуваа победа на „воините“ бидејќи играта и резултатот ги контролираше домаќинот.

Стеф Кари и дружината своето вистинско лице го покажаа во третиот и четвртиот кои ги добија со плус седум односно плус девет поени за конечна победа 108-97.

Кари имаше блескав учинок зад своето име постигнувајќи 38 поени, 25 реализираше Клеј Томпсон, а двоцифрен збир на поени имаа уште Харисон Бернес (14) и Андре Игудала (10). Кај „коњаницата“ најпрецизен со 34 кошеви беше Кајри Ирвинг додека 25 уфрли Леброн Џејмс.


И петтиот меч се игра на теренот на Голден Стејт.

OhridNews