Кошаркарите на Голден Стејт се наоѓаат на половина пат од одбрана титулата во НБА лигата. „Воините“ со вториот триумф (122-103) над Кливленд во вториот меч максимално го искористија домашниот терен и не дозволија гостинска победа.

Првата четвртина од финалниот натпревар заврши во корист на домаќините 32-28, а првата поголема разлика „воините“ ја стекнаа на крајот од втората четвртина која ја добија со 27-18. Кливленд во третиот период надополни три поени од негатива добивајќи ја со 34-31, но на домаќините со 32-23 им припадна последниот квартал за сигурна победа.

Стеф Кари во редовите на Голден Стејт одигра маестрален натпревар постигнувајќи 33 поени надополнети со 7 асистенции и 8 скоскови. Кевин Дурант реализираше 26, а Клеј Томпсон 20. Во тимот на Кливленд, Леброн Џејмс уфрли 29 кошеви, а Кевин Лав 22.

Серијата во финалето се сели во Кливленд. 

OhridNews