Кошаркарите на Голден Стејт обезбедија пласман во финалето на западната конференција, откако и во четвртиот натпревар (121-95) беа подобри од кошаркарите на Јута.
„Воините“ во четирите мечеви со „џезерите“ го потврдија квалитетот и класата и сосема заслужено се пласираа во финалето на западот. Во триумфот Кари реализираше 30 поени, Томпсон 21, Дурант 18, Грин 17 кошеви зачинети со трипл дабл. Во составот на Јута, Хаувард реализираше 25 поени.
Противник на Голден Стејт во финалето ќе му биде подобрата екипа од дуелот меѓу Сан Антонио – Хјустон. Моментално во серија е изедначен резултатот (2-2).
OhridNews