Најдобриот тим во НБА лигата од регуларниот дел од сезоната, Голден Стејт со триумф 110-106 над Хјустон ја започна финалната серија на Западот.
„Воините“ до победа ги предводеше Стефан Кари, кој реализираше неверојатни 34 поени. Голема помош Кари имаше од Ливингстон (18 поени), Томпсон (15 п.), Барнес (14 п.) и Грин (13 п.).
„Рекетите“ добро го отворија натпреварот и ја добија првата четвртина со (31-24), но веднаш во втората ја загубија предноста што на крајот беше и пресудно околу победникот.
Во финалето на Истокот ќе се сретнат Атланта и Кливленд. Серијата почнува среда кон четврток во раните утрински часови.
Мх.П.