Голден Стејт ја намали предноста на Оклахома во финалето од Западот (3-2) откако славеше во петиот натпревар пред своите гледачи со 120-111.
Шампионот во НБА лигата со триумфот успеа да спаси „меч топка“ и да се врати во игра за пласман во големото финале.
„Воините“ немаа право на грешка во петтатата средба со „громовите“ и така го одиграа натпреварот од почеток до крајот.
Домаќините доминираа оставајќи му само една четвртина на гостинот. Голден Стејт ја доби првата, втората и четвртата четвртина додека „громовите“ резултаска позитива имаа само во третата.
Стеф Кари со 31 поен беше најефикасен во составот на Кливленд, а на вкупно 27 застана Клеј Томспон. Епитетот најпрецизен на мечот му припадна на Кевин Дурент кој реализираше 40 поени, а Расел Весбрук постигна 31.
Шестиот меч од финалната серија на Западот се игра на теренот од тимот на Оклахома на кој му е потребна уште една победа за пласман во големото финале.
OhridNews