Кошаркарите на Голден Стејт го изедначија резултатот (2-2) во финалната серија со Кливленд победувајќи во четвртиот натпревар со убедливи 103-82.
„Воините“ доминираа во текот на целиот натпревар не испуштајќи го водството кое го стекнаа пред крајот на првата четвртина.
Домаќините во третата четвртина успеаја резултатски да се вратат во игра, но со уште маестрална одиграна четвртина Голден Стејт ја потврди победата.
Во составот на Голден Стејт по 22 поени реализираа Стеф Кари и Анре Игудала, Грин застана на 17, а Барнес уфрли 14 кошеви.
Поразот на „коњаницата“ се поклопи со лошиот шутерски ден на Леброн Џејмс, кој постигна 20 поени. Најефикасен беше центарот Тимофеј Мозгов со 28 кошеви.
Петтиот натпревар повторно ќе се одигра на теренот од Кливленд, а потоа серијата се префрлува кај Голден Стејт.
Мх.П.