Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1-0 во финалната серија во НБА лигата совладувајќи го Кливленд во првиот натпревар со убедливи 113-91 (35-30, 25-22, 33-20, 20-19).
„Воините“ до почетното водство во финалната серија стигнаа со доминатна игра во текот на целиот натпревар. Домашните кошаркари ги добија сите четири квартали, а одлучувачката предност ја направија во третиот кој го добија со 33-20.
Во првиот меч блесна Кевин Дурант кој постигна 38 поени, а додаде уште 8 скокови и 8 асистенции. Стеф Кари застана на 28 кошеви, исто колку и Леброн Џејмс кој немаше поддршка од останатите играчи.
Вториот натпревар од финалето се игра на 5 јуни на теренот од Голден Стејт.
OhridNews