Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1-0 во финалната серија во НБА лигата совладувајќи го Кливленд со 104-89 во првиот натпревар од големото финале.


„Воините“ до почетното водство во финалето стигнаа со убедливата победа од 15 поени разлика која ја осигураа добивајќи три од четирите четвртини.

Првите два квартали домаќините ги добија со четири односно пет поени предност, а Кливленд се врати во игра во третиот период кој го доби со три позитива.

Сите дилеми околу победникот Стеф Кари и соиграчите ги решија во последната четвртина која им припадна со 30-21 за конечни 15 поени разлика (104-89).


Предводникот на „воините“, Стеф Кари немаше ефикасна ноќ постигнувајќи само 11 поени, но, неговите соиграчи го надополнија.

Шон Ливингстон реализираше 20 кошеви, 16 постигна Дејмонд Грин, а со двоцифрен учинок завршија Барнес, Богут, Игудала и Барбоса.

Најпрецизен во составот на Кливленд со 26 поени беше Кајри Ирвинг додека Леброн Џејмс застана на 23 што беше премалку за позитивен резултат.

Мх.П.