Кошаркарите на Голден Стејт ја дуплираа предноста во финалето на западот (2-0), откако на домашен терен со убедливи 136-100 го совлада тимот на Сан Антонио.
„Воините“ тимски одиграа перфектен натпревар, а „мамузите“ без Кавај Ленард во составот немаат шанса за поволен резултат.
Домаќините убедливиот триумф го најавија по само десет минути игра кога поведоа со 33-16. Трите следни четвртини ги добиваше Голден Стејт за убедлив триумф 136-100.
Седум играчи постигнаа двоцифрен број на поени кај Голден Стејт, а очекувано предводник беше Стеф Кари со 29 поени. Во составот на Сан Антонио најпрецизен беше Симонс со 22 кошеви.
Следниот трет натпревар од финалната серија на западот се игра на теренот од „мамузите“.
OhridNews