Кошаркарите на Кливленд стигнаа до втората победа во големото финале совладувајќи го Голден Стејт со 96-91 во третиот натпревар од серијата.
Во вториот триумф прв пред своите гледачи клучна улога одиграа Леброн Џејмс, кој реализираше 40 поени, 12 скокови и 8 асистенции и Делаведова запирајќи го плејот на „воините“, Стеф Кари.
Кливленд со двете победи во серија го презеде водството и во преостанатите два натпревари на свој терен има шанса да стигне до толку посакуваната титула со „кралот“ во составот.
Ohridnews