Ол старот во Њујорк кој ќе се одржи од 13-ти до 15-ти февруар ќе мине без ѕвучни имиња во категоријата забивања.
Таму ќе се натпреваруваат Месон Пламли, Виктор Оладипо, Зак ЛаВајн и Јанис Антентокумпо кои се далеку од реномето на Винс Картер, Коби Брајант, Леброн Џејмс, Блејке Грифин и други.
Веќе неколку години големите ѕвезди го заобиколуваат ова натпреварување иако порано важеше за поспекталурно од самиот настап на сите ѕвезди.
За разлика од забивањата оваа година во „тројките“ има невидена конкуренција во имињата Стеф Кари и Клеј Томпсон од Голден Стејт, Кајл Корвер од Атланта, Вес Метјус од Портланд и Џеј-Џеј Редик од ЛА Клиперс.
Ohridnews