Ѕвездите од Западот блеснаа на собирот на сите ѕвезди од НБА лигата и во меч со рекорден број на поени 196-173 ги совладаа противниците од Истокот.
65-от „Ол стар“ викенд кој се одржа во Торонто го одбележаа неколку рекорди и последниот танц со ѕвездите на Коби Брајант.
Кошаркарот на Лос Анџелес во Торонто по 18-ти пат настапи на „Ол Стар“ и со овации од публиката, противниците и соиграчите беше поздравен при преставувањето.
Учесниците на мечот постигнаа рекорден број на поени вкупно, во текот на натпреварот имаше најмногу забивања, а Западот постигна 104 поени во две четвртини.
Кошаркарот на Индијана Пејсерс, Пол Џорџ беше најпрецизен со 41 поен, а награда МВП замина во рацете на Расел Вестбурк кој реализираше 31 поени додавајќи уште осум скокови, пет асистенци и толку украдени топки.
OhridNews














