Народната банка на Република Македонија пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Година на петелот – петел со ангел“, и „Година на петелот – ветроказ со петел“.

На кованата пара „Година на петелот – петел со ангел“ на аверсот, во центарот се претставени грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“. На реверсот, во центарот на кованата пара е прикажана слика на ангел во боја кој седи во запрежна кола влечена од петел. Ангелот е опкружен со цвеќе. Под и над централниот дел на сликата е прикажан цветен орнамент. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.

Кованата пара „Година на петелот – ветроказ со петел“ на аверсот, во центарот е претставен грбот на Република Македонија со натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“. На реверсот, во центарот на кованата пара е претставена слика на петел во боја, во облик на ветроказ, со сонце во заднината. Под петелот е прикажана годината на петелот – „2017“. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик. 

Претходно Народната банка пушти во оптек и кована пара со ликот на Мајка Тереза.

Овие ковани пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто 26,16 г, и во кружна форма со димензија 38,61 мм.

Цената на кованите пари „Година на петелот – петел со ангел“ и „Година на петелот – ветроказ со петел“ изнесува 3.500,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

OhridNews