Народната банка на Република Македонија пушти во оптек комплет ковани пари за колекционерски цели „Триптих“, кој го сочинуваат: „Исус Христос“, „Богородица“ и „св. Никола Чудотворец“. 

Кованата пара за колекционерски цели „Исус Христос“ е изработена од сребро Ag 925, со тежина на среброто од 10,0 г, чистота на среброто од 9,25 г и во форма на правоаголник со димензии 30 х 22 мм. На аверсот, во централниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите: „10 денари“ и „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и годината на издавање „2017 година“. Околу грбот е прикажан украс по должината на периметарот. На реверсот, во централниот дел од монетата е прикажан портретот на Исус Христос. Централната слика е претставена врз основа со украс. Над портретот е прикажано името на Исус Христос, како што традиционално се користи во иконописот. 

Кованата пара за колекционерски цели „Богородица“ е изработена од сребро Ag 925, со тежина на среброто од 7,0 г, чистота на среброто од 6,48 г и во форма на правоаголник со димензии 30 х 15 мм. На аверсот, во централниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите: „10 денари“ и „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и годината на издавање „2017 година“. Околу грбот е прикажан украс по должината на периметарот. На реверсот, во централниот дел од монетата е прикажан портретот на Богородица. Централната слика е претставена врз основа со украс. Над портретот е прикажано името на Богородица, како што традиционално се користи во иконописот. 

Кованата пара за колекционерски цели „св. Никола Чудотворец“ е изработена од сребро Ag 925, со тежина на среброто од 7,0 г, чистота на среброто од 6,48 г и во форма на правоаголник со димензии 30 х 15 мм. На аверсот, во централниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите: „10 денари“ и „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и годината на издавање „2017 година“. Околу грбот е прикажан украс по должината на периметарот. На реверсот, во централниот дел од монетата е прикажан портретот на cв. Никола Чудотворец. Централната слика е претставена врз основа со украс. Над портретот е прикажано името на cв. Никола Чудотворец, како што традиционално се користи во иконописот.

 

Цената на комплетот ковани пари „Триптих“ изнесува 4.500,00 денари. 

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.