Нуркачкиот центар „Амфора“ успешно реализираше акција за чистење на дното на Охридско Езеро, на потегот од Сараиште до Пристаниште.
Благодарение на посветеноста на нуркачите, волонтерите и сите учесници, од дното на езерото беа отстранети значителни количини отпад, со што директно придонесовме за зачувување на природната убавина и биодиверзитетот на нашето езеро, велат од „Амфора“.
Акцијата е поддржана од Општина Охрид. Со оваа акција го најавуваат проектот „ОХРИД ЕКО 2026″ кој по 5ти пат ќе се одржи во мај, а кој претставува меѓународна акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад во кој покрај домашните ќе бидат вклучени нуркачи од целиот регион.
Да оставиме чисто езеро за идните генерации, порачуваат од Нуркачкиот центар.
OhridNews
















