Во 26 годишна кариера на Олд Трафорд, Сер Алекс Фергусон покажа големо фудбалско знаење, но тој како одличен менаџер се наметна со неговиот „страшен“ авторитет.
Од неговото заминување од ден на ден поранешните фудбалери преку книги или пак интервјуа пренесуваат некои случки од соблекувалните кои се далеку од јавноста.
Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике имаше можност да биде под палката на Фергусон. Шпанскиот интернационалец откри дека покрај шкотскиот стручњак страв и трепет во соблекувалната сеел и Рој Кин кој своевремено беше капитен на „ѓаволите“.
– Не сакам да речам дека се плашев од Фергусон, но од Рој Кин ќе потврдам одма – потенцираше Пике и додаде – Во соблекувалната заѕвони телефон на вибриации, а тоа беше мојот, тој веднаш се тргна да го бара и цела среќа што не успеа да го најде. Со самиот карактер ни даваше значење на секој миг, секој натпревар и секој бод. „Страшен“ играч во буквална смислам од зборот – додаде Пике.
Прва средба на Пике откако Кин заминал од Јунајтед била на Селтик Парк кога Барселона славеше со 1-0, а Кин од трибините работел како стручен коментатор.
Мх.П.