Последиците од климатските промени се чувствуваат се посилно и мора повеќе да се работи не само глобално, туку и локално за справување со најголемиот предизвик на човештвото во ова време. Под закана е и Охридското Езеро, на што предупредува и УНЕСКО.
Предизвиците се во однос на зачувување на светското природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, лошото урбанистичко планирање, преголемата урбанизација и дивоградбите на крајбрежјето. Не се работи за тоа дали Охрид ќе остане на листата на Унеско или не, туку да се заштити вашето најголемо природно богатство и биодиверзитетот. – вели Жолд Ленгиел – експерт климатски промени и заштита на животна средина.

Со оглед на тоа што дека Охридското Езеро е под голема закана од инфраструктурни проекти, но и климатските промени, и дека тоа е под закана од еутрофикација подолго време, сметаме дека треба да се алармира и во однос на тоа. – истакна Невена Смилевска – Раководител на проектот „Да зборуваме за климатски промени“.

По година на производство и по еколошки стандради на самите мотори ќе има одредена селекција и тоа е нешто што ќе доведе до рестрикција на самиот број на пловни објекти. – вели Горан Устијаноски – Раководител на Капетанија на пристаништа Охрид.

Проектот „Смарт Охрид“ предвидуваше замена на целата водна флота, на сите кајчиња и бродови кои функционираат на фосилни горива кои дополнително го загадуваат езеро, со соларни пловни објекти кои можат да бидат и атракција за туристите кои можат бесшумно да се движат по езерото без да прават штета. – цели Ана Чоловиќ Лешоска – од невладината „Еко свест“.

Г.М.












