Жена која сакала да ограби банка во Минхен се испаничила и побегнала со празни раце, но на полицијата и оставила нешто навистина корисно – лична карта со фотографија.


Началникот на полициската станица рекол дека жената е уапсена после нецел час по обидот на грабеж. Полицаецот за медиумите изјавил дека жената пополнала налог за подигање пари, потоа извадила пиштол и од благајникот побарала „кеш’, но во истиот момент ја фатила паника и побегнала.

Меѓутоа, на шалтерот во банката го оставила налогот и личната карта со фотографија.

Жената е уапсена без никаков проблем.