Пред крајот на летниот преоден рок екипата на Арсенал ќе го одврзе ќесето и во своите редови ќе донесе нови два фудбалери за вкупно 50 милиони фунти.
Според англиските медиуми, Арсен Венгер ги договорил трансферите на Лукас Перез од Депортиво ла Коруња и на Шкодран Мустафи од Валенсија.
„Топчиите“ за напаѓачот од Депортиво ќе платата 15 милиони фунти додека трансферот на германскиот репрезентативец, Мустафи ќе чини 35 милиони фунти.
Со овие трансфери Венгер ќе го растерети притисикот од своите плеќи, откако навивачите беа револтирани од анемичноста на клубот на трансфер пазарот.
Арсенал многу лошо со пораз од Ливерпул и со реми против Лестер ја започна сезоната, наспроти ривалите кои забележаа две победи во воведните две рунди.
OhridNews