Фудбалерот на Барселона, Андрес Иниеста многу веројатно на крајот од сезоната ќе замине во кинескиот клуб Тјанџин и ќе се збогува со каталонскиот гигант. Шпанскиот весник „Марк“ објави дека главна причина за ваквата одлука на Иниеста е неговиот бизнис со вино.
Златното момче на Шпанија од финалето на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година ја основаше винаријата „Бодега Иниеста“ и сега има намера да се прошири на азискиот пазар.
– Веќе знам што ќе правам во иднина, им благоидарам на навивачите, но тоа нема да ја смени мојата одлука. – истакна фудбалерот, кој остави простор за вистина во сторијата на „Марка“.
Интересно е дека ова се случи откако Иниеста потпиша нов договор со Барселона, што му овозможува да остане во каталонскиот клуб до крајот на кариерата.
Договорот што допрва треба да го потпише со Тјанџин се проценува на 30 милиони евра.
OhridNews