Екипата на Манчестер Јунајтед покрај трите бодови на Олд Трафорд го загуби и Робин ван Перси на неодредено време.
Фудбалерите на Саутемптон со минимални 1-0 ги совладаа „црвените ѓаволи“ и им ја прекинаа серијата без пораз во Премиер лигата.
Напаѓачот го повреди глуждот и принудно ја напушти играта, а колку ќе биде надвор од терените ќе покажат лекарските прегледи.
Сезонава, Ван Перси има постигнато осум погодоци и има три пати асистирано до своите соиграчи.
Мх.П.