Големата љубов меѓу Диего Симеоне и Атлетико Мадрид (ќе) заврши, а со отворени раце аргентинскиот стручњак ќе го пречека Интер кој мака мачи да се врати на шампионските патеки.
Многу шпански медиуми ја пренесоа информација дека Симеоне и Атлетико Мадрид по завршување на сезоната ќе се разделат, а следна дестинација на популарниот Чоло е Серија А односно тимот на Интер.
Симеоне за пет години колку што е на клупата на Атлетико го воскресна клубот и го одведе до титула во Ла Лига и две финалиња во Лигата на Шампиони.
Интер пак, по заминувањето од Жозе Мурињо неможе ниту да се приближи на Јувентус кој гази се пред себе во калчолигата.
Симеоне во дресот на Интер како играч помина две години и активно учествуваше во освојувањето на титулата од Купот на УЕФА 1998 година.
OhridNews