Крилниот центар на Кливленд, Кевин Лав постигна неверојатни 34 поени во една четвртина на мечот со Портланд кој неговата екипа го доби со 137-125.
Со учинокот соиграчот на Леброн Џејмс ги воодушеви сите, но со изјавата после натпреварот ги зачуди. – Играв во ист ритам како обично и не одиграв ништо посебно. Погодив неколку удари на почетокот од мечот и потоа соиграчите ме форсираа.
На Лав му недостигаа уште три поени да го изедначи рекорд на Клеј Томпсон кој минатата година постигна 37 поени во еден квартал. Иначе, мечот Лав го заврши со 40 поени постигнувајќи само девет во продолжението од мечот.
OhridNews