Струшко Велешта во црно по загубата на Неџип Вренези, момчето кое што беше убиено во терористичкиот напад во Виена. 20 годишното момче е родено и пораснато во Виена, Австрија, но никогаш не му било тешко да дојде во татковината на одмор. Неџип завршил Воена академија и ден пред напаѓачот да му го одземе животот, добил вест дека е пример на работа, објави во сторијата за немилиот настан телевизијата 21.
Оваа вест бескрајно ја потресе нашата фамилија. Кога ја слушнавме веста дека момчето е нападнато беше шок за семејството и за нас. Момчето само што заврши воена академија и го примија на работа, излезе да прослави со друштвото, излегол да запали цигара надвор и напаѓачот го погодил, бил на неколку метри, потоа се вратил назад. Бил жив, кога видел дека мрда, се вратил и повторно пукал и тогаш починал. – раскажува за Тв 21 тетката на Неџип.

Целосната сторија може да ја прочитате на следниот линк.
OhridNews
извор: Тв 21












