Златан Ибрахимовиќ во летниот преоден рок би можел да ги помести сите граници во фудбалот со евентуалниот трансфер во Кина.


За ангажман на шведскиот фудбалски репрезентацивец лично се заинтересирал претседателот на Кина, Си Џинпинг кој ќе му понуди 75 милиони евра по сезона на „ибракадабра“.

Со толкава плата по сезона не само што ќе стане најплатен фудбалер туку ќе заработува повеќе и од врвни бизнисмени со големо компании.

Клубот се уште се чува во тајност, но оваа понуда дефинитивно ќе го размрда фудбалскиот пазар.

Дека кинезите не се шегуваат потврдија во зимскиот преоден рок кога потрошија најмногу во светот на фудбалот, а трансферот на Ибра ќе биде вистински бум не само во фудбалот туку и во спортот воопшто.

OhridNews