Врската помеѓу бразилската супер ѕвезда Нејмар и францускиот клуб Пари Сент Жермен веројатно ќе заврши со разделба после крајот на тековната сезона. Француските медиуми, пишуваат дека „светците“ донесле одлука за раскинување на договорот со Нејмар.
Бразилецот, летово јавно искажа не задоволството и побара дозвола за трансфер во Барселона. ПСЖ не одговори позитивно и првата виолина на „кариоките“ остана на „Паркот на принцовите“. Следниот лет преоден рок, Барселона ќе добие зелено светло од ПСЖ и клубот ќе може да преговара со фудбалерот за кам бек на Ноу Камп.
Актуелниот францускиот првак замената за Нејмар ја најдоа на Енфилд. „Светците“ го фрлиле пикот на Садио Мане кој е еден од трите офанзивци кои решетат мрежи во сите конкуренции. Целокупниот трансфер на Мане ако реализира ќе достигне 150 милиони фунти.
Летниот преоден рок покрај за мечевите од Европското првенство во фудбал ќе биде резервирано за новата сапуница помеѓу ПСЖ и Нејмар и уште некои актери со споредни улоги.
OhridNews