На гостувањето во Стоук кај истоимената екипа Челси го претрпе седмиот пораз (1-0) сезонава во Премиер лигата. Иако сите обвинувања одат на адреса од менаџерот Жозе Мурињо вистинскиот кривец за лошите резултати е шпанскиот репрезентативец Диего Коста
Тој со неговото непочитување и провоцирање на противниците не е омилен кај судиите, а тензијата ја префрла на останатите соиграчи.
Диего Коста сезонава се соочуваше со суспензија, но тоа не вроди со плод и продолжи со негативниот тренд во текот на натпреварите.
Тој на мечот со Стоук констатно имаше вербална расправија со капитенот на домаќините Рајан Шоукрос кој пак не бираше фудбалски начин да го запре.
„Сините“ сезонава не се ниту бледа сенка од минатата кога доминатно ја освоија титулата во Премиер лигата, затоа на Мурињо му е потребен ремонт на играчкиот кадар почнувајќи од проблематичниот Диего Коста.
Мх.П.











