Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува умерен, долж Повардарието на моменти засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од 12 до 17 степени.
И во недела ќе се задржи слично време со утринска температура од минус четири до четири, а дневната од 10 до 17 степени.
OhridNews