Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од три до 10 степени, а максималните од 9 до 16 степени.

Maксималната температура во Охрид ќе достигне 13 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и
проследени со појава на грмежи.

Во следните три дена минималната тмпература ќе се движи од три до 9 степени, а максималната од 12 до 21 степен.

OhridNews