Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Врнежи од дожд ќе има утре попладне кои локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Поинтензивни врнежи ќе има во понеделник попладне и во текот на ноќта кон вторник, кога на места ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер и се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен.
OhridNews













