Според прогнозите, времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Претпладне во западните делови ќе има услови за провејување на снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од два до девет степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и малку потопло. Утре дневните температури ќе се движат од шест до 12, а во недела од пет до 14 степени. В недела по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

OhridNews