Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата
се одвива нормално, без забрани, по суви и чисти коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

На возачите им
се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на
поставената сообраќајна сигнализација. Оние возачи кои планираат да тргнат на
подолг пат, тоа да го сторат по можност во раните утрински или подоцнежните
попладневни часови, за да ги избегнат високите температури во текот на денот, советуваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните
премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews