Женската ракометна репрезентација на Македонија ги доби противничките со кои ќе игра во Б групата на Европското првенство, кое од 4. до 16. декември ќе се одржи во Србија.

Македонија доби силна група, во која повторно ќе игра против Франција (противник во квалификациите за пласман на ЕП), Данска е секогаш меѓу фаворитите за висок пласман и Шведска која и беше еден од посакуваните противници од првиот барабан.

Распоред на групите:

Група А (Белград): Норвешка, Украина, Србија, Чешка

Група Б (Ниш): Шведска, Франција, Данска, Македонија

Група Ц (Нови Сад): Хрватска, Германија, Унгарија, Шпанија

Група Д (Вршац): Романија, Црна Гора, Русија, Исланд

Ohridnews