
-Информираме дека таков иницијативен одбор ниту постои, ниту пак е покрената каква било иницијатива, се наведува во соопштението на поранешни членови на Одборот.
-Ставот на Наум Буревски е негов личен став, неподдржан од никого. Причините за ваквата реакција на Буревски се на лична основа и нанесуват штета на функионирањето на партијата. Воедно, ве потсетуваме дека „иницијативниот одбор за поддршка на лидерот Бранко Црвенковски“ за останување на чело на СДСМ, беше формиран самоиницијативно од група на поддржувачи на тогашниот претседател Бранко Црвенковски во моментот кога тој најави оставка од лидерската позиција на СДСМ. По завршување на процедурата за избори на претседател на СДСМ, на почетокот на јуни минатата година, тогашниот иницијативен одбор му даде безрезервна поддршка на новоизбраниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, и со тоа тој „иницијативен одбор“ престана да постои“, се наведува во соопштението, што го пренесе Телма..
СДСМ, вчера, преку соопштение информираше дека, на претстојниот Конгрес ќе се утврди кое е најдоброто решение за натамошното дејствување на партијата и дека ќе бидат донесени одлуки кои ќе бидат во интерес на државата и во интерес на граѓаните.
„СДСМ е уверена дека членовите и поддржувачите на партијата ќе останат на висината на одговорноста што ја имаат како дел од најголемата опозициска партија и кон определеноста за заштита на интересите на државата и нема да влезат во сценаријата на Никола Груевски, кој на разни начини се обидува да го дефокусира вниманието од криминалниот багаж со кој влегува во формирање нова влада“, соопштуваат од СДСМ.
OhridNews
извор:„Тв Телма












