Најдобриот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ се налути откако во Шведска го прогласи за втор спортист на сите времиња.


Наградата за најдобар спортистја прими тенисерот Бјорн Борг, кој има 11 титули од гренд слем турнирите.

– Второто место за мене е како последно. Секоја чест за останатите, но мислам дека ги заслужувам првите пет места на оваа листа – изјави во свој стил Ибрахимовиќ.

Робусниот напаѓач доминира во шведскиот фудбал откако оваа година по девети пат ја освои наградата за најдобар.

Мх.П.