Управата на Милан им приреди (не)пријатно изненадување на навивачите, откако го ангажираше чуварот на мрежата, Марко Сторари.
Поддржувачите на „росонерите“ реагираа бурно на социјалните мрежи по дознавањето дека искусниот голман ќе биде прво засилување за екипата во зимскиот преоден рок, бидејќи тренерот, Виченцо Монтела најави фудбалери од светски калибар.
Сепак, 40-годишниот голман ќе биде резерва на дупло помладиот Џиџи Донарума кој е вистински хит во светскиот фудбал. Во спротивен правец, односно во тимот на Каљари отиде Габриел кој беше втор голман на Сан Сиро.
Иначе, Сторари во минатото беше дел од Милан, но не доби вистинска шанса покрај Кристијан Абиати и Бразилецот, Дида.
OhridNews