На 13- ти декември околу 4 часот во Струга во ноќен клуб нарушен бил  јавниот ред и мир од страна на две лица од населбата „Езерски лозја“-Струга, и уште две засега непознати лица, информираат од МВР.

Истите не сакале да ја платат сметката за донесена нарачка, по што започнале расправија со келнерите и обезбедувањето, а потоа и со сопственикот на објектот, по што и физички го нападнале, а почнале да го кршат и инвентарот. Од исфрланите предмети од нивна страна со тешки телесни повреди се здобила 22 годишна жителка на Струга, која била пренесена во струшката болница и по укажаната лекарска помош е задржана на понатамошно лекување. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews