Жељко Бабиќ не е повеќе селектор на Хрватска, откако Управниот одбор во националната селекција четвртото место на Мундијалот во Франција го смета за неуспех.


Покрај селекторот резрешени се помошниците Перо Метлиќиќ и Вени Лосерт и координаторот на машката репрезентација, Ивано Балиќ.

– Со едногласна одлука изгласавме недоверба, односно смена на стручниот штаб. Од Европското првенство во Полска не забележавме никаков напредок на селекцијата, а двата загубени натпревари на Мундијалот во Франција кои мораше да ги добиеме ја прелија чашата. Ги прекинуваме нивните договори со нас и почнуваме потрага по нов селектор. – стои во соопштениет од врвот на хрватската ракометна федерација.


Хрвататите нема да брзаат со назначување на нов селектор, туку полека ќе разговараат со кандидатите кои ќе бидат за селекторското столче.

OhridNews