Врнежите кои паднаа на целата територија на државата беа со различен интензитет, а измерените податоци на хидролошките мерни станици покажуваат незначителни покачувања на водостојот.
Сепак веруваме дека на одредени помали водотеци каде немаме мерни хидролошки станици покачувањата биле поголеми. Во текот на денот, покачените нивоа на водотеците ќе продолжат да се намалуваат до стабилизирање на состобата. – информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Најмногу дожд во текот на изминатите 24 часа паднале во радовишкo, беровско, штипско, скопско, светиниколско. Во Охрид наврначе 17 литри на метар квадратен.
Г.М.