Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо конечно проговори за неиграњето на Хенрик Мхтаријан на Олд Трафорд. Последен пат ерменскиот репрезентативец одигра половина полувреме на дуелот со Манчестер Сити во септември месец кој „ѓаволите“ го загубија со 2-1.


Мхтаријан, Манчестер Јунајтед го засили од Борусија Дортмунд. Најтрофејниот клуб во Премиер лигата за неговите услуги плати високи 42 милиони евра.

– Му реков дека мечот со Арсенал не е за него. Мислам дека немаше потреба да влегува од клупата и да одигра 10-20 минути. Него моментално му требаат натпревари со помал притисок бидејќи фудбалерот не може да издржи психички. Со еден добар одигран натпревар, тој ќе си ја врати самодовербата и ќе започне да игра онака како што сите посакуваме. – рече Мурињо.

Португалскиот стручњак во најавата за дуелот со Феенорд во Лигата на Европа потенцираше дека во составот ќе го вклучи и Мхтаријан.

OhridNews