Форум „Не си играј со иднината – фер избори 2009“, ќе се одржи утре во просториите на хотел ТИНО  со почеток во 19.00 часот, најави Младинскиот совет.
   
Младински Совет Охрид и Центарот за демократски иницијативи ВИЗИЈА од Скопје во пресрет на претстојните локални и претседателски избори, во рамки на проектот „Повеќе жени – Помалку насилство“ превземаат низа активности во насока на зајакнување на демократскиот карактер на изборите. Првата активност беше професионална обука на жените кандидатки за советнички и градоначалнички од целата држава од повеќе политички партии која се оддржа изминатиот месец, а јавните форуми се следната фаза на проектот, информираат од Младинскиот совет.
   
Јавните форуми се одржуват во повеќе градови и села во целата држава во текот на изборната кампања. Форумите се место за дискусија на значајни теми – фер и демократски избори, нулта толеранција на насилството, право на глас, семејно и групно како и можност да се искажување на сопственото мислење и да се чуе туѓото.
   
На форумот ќе бидат присутни претставници на НДИ – Националниот Демократски Институт и ОБСЕ, а свое присуство имаат најавено Амбасадорите на Велика Британија и Холандија во РМ.