Ден по фудбалското „Ел Класико“ во Шпанија не стивнуваат рекциите од двете екипи и препукувањето во медиумите. Кристијано Роналдо најдобриот фудбалер во редовите од Реал Мадрид вината за поразот ја најде во судијата.

– Пеналот беше чисти како солза. Сите го видоа само тие што требаа не сакаа или не го видоа – коментираше Роналдо и додаде – Долго време ја немам видено Барселона така да се влечи по теренот и да го чува водството со што сум пријатно изненаден.

Од екипата на Барселона се олгаси фудбалерот за врска Серхио Бускетс, кој одигра одлично на средината од теренот во првото „Ел Класико“ сезонава.

– Секогаш кога ќе изгубат наоѓаат смешни изговори и ги криват судиите. Тие оваа сезона не треба ни да помислат за негативен коментар околу судиите кои им помогнаа во неколку натпревари – потенцираше Бускетс.

По победата на „Ел Класико“ каталонците стигнаа до 28-от бод сезонава и „кралевите“ имаат шест помалку и се наоѓаат на третата позиција.

Мх.П.