Планирајте го вашето патување на време и правете 15 минути пауза на секој два часа ефективно возење. Не тргнувајте на долго патување ако се чувствувате изморени. Сетете се на ризиците ако станете рано наутро и тргнете на долг пат, се дел од советите кои ги упатуваат од Републичкиот совет за безбедност на патиштата.
– Ако се почувствувате изморено, најдете соодветно и сигурно место за одмор. Направете кратка пауза и консумирајте кафе или друг кофеински производ во комбинација со освежителен пијалок или вода. Запомнете: Единствен начин за справување со заморот е добро спиење. Ниту еден кофеински производ не може да го замени добриот сон пред тргнување на пат, потенцираат од РСБСП.
Од советот алармираат на следниве предупредувачки знаци кои возачите не треба да се игнорираат:
– Проблеми со фокусирање, или стеснување на вниманието
– „Паѓање на главата“, или неможност да се отворат очите
– Не се сеќавате на последните неколку минути
– Лоша проценка, побавно време на реакција
– “Зумирање”
– Несвесност (спиење со отворени очи)
– Постојано зевање или триење на очите
Имајте на ум дека ако имате некој од овие симптоми на замор кај возачот, многу е веројатно дека вашата способност за управување со возило веќе е намалена.
Заморот е примарна причина за повеќе од 20% од смртните случаи на патиштата во светот. Заморот значително го зголемува ризикот од несреќа. Голем број од сообраќајните незгоди поврзани со замор се случуваат во часовите предвидени за спиење и затоа, во многу од нив, повеќе од веројатно е дека возачот бил заморен и дека неговото тело не можело да се бори против потребата за спиење.
РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот добро да размислат пред да тргнат на пат. Внимателно да го испланираат своето патување и да прават чести одмори. Краткиот одмор значи малку подоцна, но безбедно и одговорно пристигнување онаму каде што сте тргнале.
Важна напомена: Не дозволувајте летните спомени да се претворат во трагедија!
Ohridnews